Клубот од Лондон почна официјални преговори за ангажман на холандскиот интернационалец од редовите на Шалке, Клас Јан Хунтелар, пренесуваат англиските медиуми.
Холандскиот напаѓач веќе подолго време се поврзуваше со шпекулации кои велеа дека ќе го напушти тимот на Шалке, клуб со кој договорот му истекува на крајот од сезоната.
За да не го изгубат најдобриот свој играч како слободен играч на лето, челниците на клубот од Гелзенкирхен сепак ќе мораат да го продадат во јануари.
Како што пренесуваат англиските медиуми, се вели дека Шалке бара износ од 6 милиони фунти, а за оваа цифра е и повеќе од расположен да плати тимот на Арсенал.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: