Илјада радија за париските бездомници

Илјада радиоприемници ќе им бидат поделени на бездомниците на улиците на француската престолнина Париз од 21-ви до 24-ти декември, за да се прекине нивната изолација и да им се пружи достап до информациите и културата.

„Со акцијата првенствено се сака да се потсети дека има повеќе од илјада лица коишто спијат на улиците на Париз“, изјави во средата Кристоф Луи, директор на здружението Децата на каналот која е организатор на акцијата.
„Наместо да им се даваат вообичаените шалови и капи, ние се обидовме да направиме нешто пооригинално коешто ќе потсети дека многу луѓе сé уште спијат на улица“, вели Луи.
Идејата за радијата потекнала од барањата на бездомниците и со увид на екипите н асоцијалните работници или волонтерите кои се во контакт со овие лица, се истакнува во соопштението на здружението.
Радиоприемниците што ќе бидат делени на париските бездомници функционираат со помош на динамо и соларна енергија, а покрај тоа на нив има вградена и сијалица за осветлување.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: