Пронајден вид кит за кој се веруваше дека изумрел пред два милиона години

Откритието би можело да објасни зошто овој таинствен морски цицач изгледа толку поразлично од другите преостанати видови сегашни китови. „Денес живиот џуџест вистински кит, да кажеме, е остаток , речиси како жив фосил. Тој е последниот преживеан од древната лоза за којашто досега никој не веруваше дека сѐ уште живее“, вели Феликс Маркс, палеонтолог од новозеландскиот универзитет во Отага. Овој сразмерно мал кит кој расне до 6,5 метри во должина, живее на отворено море. Живее во океаните на јужната хемисфера и е виден само неколку десетици пати. Затоа научниците не знаат речиси ништо за неговите навики или социјалната структура. Чудното суштество со намрштен лик е многу поразлично од другите денешни видови китови. Анализата на неговата ДНК покажала дека џуџестиот вистински кит се одвоил од модерните китови како што се синиот и грбавиот кит пред 17 до 25 милиони години. Обликот на неговата уста покажува дека веројатно е посроден на фамилијата китови во којашто спаѓа и гренландскиот кит. Меѓутоа нема студија за фосилите кои би покажале како џуџестиот кит еволуирал, вели Маркс. За да се сфати каде е место на џуџестиот вистински кит (Caperea marginata) меѓу другите видови китови, Маркс и неговите колеги внимателно анализирале коски од черепот и други фосилни фрагменти од џуџестиот вистински кит и неколку други прастари видови китови. Неговиот череп најмногу потсетува на древната фамилија китови за коишто се сметаше дека изумреле пред два милиона години, сметаат научниците. Китовите од фамилијата Cetotherium се појавиле пред 15 милиони години и извесен период ги населувале сите светски океани.

Пронајдете не на следниве мрежи: