Американски сојузен суд, до кого се обрати Јапонскиот институт за истражување на китовите и неколку јапонски рибарски компании, во вторник официјално му забрани на невладиното здружение „Си Шепард“ „физички да нападне било кој брод под знамето на тужителот“.
Судот му забрани и на здружението со седиште во САД „движење на море на начин кој би ја загрозил безбедната пловидба на таков брод“.
„Во ниту еден случај обвинетите не смеат да се доближат на помалку од 500 метри од тужителот кога пловат на отворено море“, се вели во пресудата.
„Си Шепард“ во среда одговори дека нема намера да ја послуша оваа забрана и дека ќе продолжи да ги вознемирува јапонските китоловци во Антарктикот заради заштита на китовите.
Кога јапонските рибари ќе допловат на лице место, „ќе видат дека сме сè уште таму за да ги зачуваме китовите во јужните мориња, со нашите бродови и нашите животи“, истакна невладината организација.
„Си Шепард“ во ноември ја започна деветата кампања, најамбициозна во својата историја. Ангажирани се четири бродови, еден хеликоптер, три беспилотни летала и стотина лица.
На чело на здружението е „еколошкиот пират“ Пол Вотсон по кого трага Интерпол. Обвинет е дека го довел во опасност екипажот на бродот „Костарика“ во операцијата против лов на ајкули во 2001 година. Шеесет иедногодишниот Вотсон е уапсен на аеродромот во Франкфурт на 13 мај. Побегна и покрај досудениот домашен притвор.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: