Американските конгресмени во канцелариите работат и ноќеваат

Педесетина претставници во американскиот Конгрес, повеќето републиканци, сериозно ја сфаќаат својата работа и луѓето коишто ги избрале и поради тоа во канцелариите работат и преспиваат, според практиката почната во 1990-те која со Претставничкиот дом претседаваше Њут Грингич.

Сите овие, како што ги нарекуваат медиумите „кампери од Капитол“, се мажи кои сметаат дека штедат време преспивајќи во канцеларијата, бидејќи така можат подобро и потемелно да се подготват за работата и подобро да ги застапуваат своите избирачи.
Тим Валберг, претставник од Мичиген, спиел три ноќи во седмицата на душек на надување . Откако беше повторно избран на 6-ти ноември се преселил во малку поголема канцеларија и сега има кревет кој го чува во нишата меѓу фрижидерот и шкафот полн со житарки и готови јадења.
„Со тоа им покажувам на моите гласачи дека не ме заразила вашингтонската треска“, вели Валберг убеден дека многу политичари на Капитол со вемето ја губат врската со вистинскиот свет.
Џо Валш од сојузната држава Илиноис на своите гласачи им вети дека ќе спие во канцеларијата „бидејќи така секогаш се потсетува дека тој е тука за да им случи ним а не затоа да врши добро платена работа“.
Пол Госар од Аризона со спиењето во канцеларијата покажува дека штеди и време и пари, бидејќи не минува многу часови во сообраќајните метежи. Тој често и викендите ги минува во својата канцеларија во Вашингтон, за да заврши работа и да заштеди време на патувањето до неговиот дом во Аризона. Госар, кој инаку е стоматолог, спие на мала софа или душек која наутро ја спакува во вграден плакар.
Пресметал дека изнајмување на гарсониера во Вашингтон би го чинела 20 илјади долари годишно. Со годишната плата од 174 илјади долари и три деца кои ги школува, задоволен е што штеди живеејќи речиси како монах.
Претставниците се тушираат во гимнастичкиот клуб на Капитол, пет минути пешки до најоддалечената канцеларија, и тоа им е добра рекреација. Истакнуваат дека им одговара мирот на нивите канцеларии навечер.
„Не сум принц, ниту господар, дури ни ноќен чувар, Мојата единствена привилегија е што сум обичен претставник на гласачите“, вели Тим Валберг, среќен што не преспива во студена хотелска соба, туку во зграда каде се одвивала историјата.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: