Американските медиуми најавуваат дека раководството на ЛА Лејкерс нашло начин како да се ослободи од Пау Гасол, кој не се вклопува во плановите на новиот тренер Мајк Дентони.
Според истите извори, Лејкерси ќе се обидат Гасол да го испратат во Атланта, а во замена за него ќе ги бараат Џош Смит и Девин Херис. Гасол, кој во моментов е повреден, веќе има 32 години и договор кој ја оптоварува касата на ’езерџиите’, тој годишно заработува 19 милиони долари.
Од друга страна, Смит, со просек од 16,6 поени по натпревар, сезонава е најдобриот стрелец на Атланта, тој во февруари 2010 година стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата со 1.000 блокади во кариерата.
Смит игра на крилната позиција, висок е 206 сантиметри, а за Лејкерси е интересно што е одличен пријател со Двајт Хауард. Во Лејкерси сметаат дека токму Смит може да биде главниот адут за Хауард да остане во тимот, неговиот договор истекува во јули 2013 година.
Вториот играч, Девин Херис оваа сезона има просек од 7,7 поени по натпревар, во 2009 година тој беше учесник на Ол стар натпреварот.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: