Екстремни студови во Русија, во Сибир измерени -50

Loading...

Една од најстудените зими во последните 70 години во Русија е оваа, а температурите паѓаат и до -50 Целзиусови степени. Десетици луѓе веќе починале од студот, а стотици се хоспитализирани.
Како што јавуваат руските медиуми, Русија ваква долготрајно екстремно студенило не памети уште од 1938 година, наведуваат тамошните метеоролози и додаваат дека температурите се 10 до 15 степени пониски од рускиот зимски просек.
РИА Новости јавува дека ширум земјата од последиците на студот починале 45 луѓе, 266 се хоспитализирани, а вкупно 542 лица се повредени.
Во Москва температурата се движи околу -18 Целзиусови степени, а екстремните и рекордно ниски температури ќе потрајат уште, згора на тоа ќе се спуштат и до -25 степени. Термометрите во Сибир покажуваат неверојатни -50 степени, што, како што тврдат експертите, е абнормално студено за декември.
Во дури 15 области е прогласена вонредна состојба и на сила е предупредување дека заради студот би можело да дојде до прекин на комуникациите и снабдувањето со електрична енергија.
Екстремните студови и снежните врнежи го блокираат сообраќајот ширум земјата, а топловодите заради студот попукале, па некои области се и без греење. Училиштата и градинките во дел од Русија се затворени.

Макфакс

loading...
Loading...