Кои се најпозитивните нации на светот?

 

Жителите на Латинска Америка се меѓу најпозитивните луѓе на светот. Според gallup листата на најпозитивни нации на светот, 8 од 10 латино американски држави се најдоа на врвот; Панама, Парагвај, Ел Салвадор и Венецуела.

 

Листата е направена преку анкети во 148 држави на светот. Сите интервјуирани граѓани одговарале на истите прашања: Дали се одморни, дали се чувствуваат почитувано, дали претходниот ден научиле нешто ново и интересно, дали претходниот ден им бил радосен и дали се смеат доволно.

 

Па така, најмногу потврди одговори дале жителите на Јужна Америка, а најнепозитивни се жителите на Грузија, Ирак и Сингапур.

 

Во нашиот регион, најпозитивни нации, со дури 68 проценти потврдни одговори се Косово и Словенија, а после нив се Босна и Херцеговина со 58. Во Хрватска 57 проценти одговорија со да, а Македонија и Црна Гора го делат местото на листата со 56 проценти. Неколку степени под нас е Србија со 52 проценти, која спаѓа во една од најдепресивните држави за живеење. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: