Велат дека увавината е прашање на вкус но мора да постои некоја универзална убавина прифатлива за сите. Прашањето е зашто правиме грешки во изгледот кои не прават да изгледаме постаро? Еве 7 грешки кои ги прават (најчесто) жените
1.Преголема количина на пудра
Ако имате нанесено дебел слој на пудра тоа дефинитивно ќе го забележи секој кој ке погледне кратко во вашето лице. Затоа наместо тоа пробајте да нанесете мимимален слој пудра или пак некоја хидратантна крема со пигмент. Колку помалку тоа подобро!
2.Преголема количина на коректор под вашите очи
Темните кругови околу очите се непривлечни како за жените така и за мажите. Доволен сон и здрава исхрана понекогаш не доволно решение и затоа жените често користат коректор за да изгледаат помлади. Но како стареете кожата станува се потенка и поради тоа мора да нанестувате потенок слој на коректор во спротивно ќе изгледате многу постари.
3.Лош избор на фризура
Фризурата може многу да ви го подобри изгледот но иста така може и да ви го влоши. Како стареете така мора да ја менувате фризурата бидејќи правата и долга коса не изгледа така добро како во младоста, само ќе ве направи да изгледате постаро.
4.Премногу стрес
Поради брзиот начин на живот луѓето постојано се по стрес. Но тоа најлошо влијае врз вашата кожа. Нема друго решение освен да го намалите стресот.
5.Уништување на косата
Ако ја фарбате косата или употребувате фигаро и пегла за коса многу често така ја уништувате косата. Изгорена, уништена и безживотна коса воопшто не изгледа младешки. Пробајте да најдете некои совети за нега на интеренет на тој начин ќе заштедите некој денар.
6.Светкава сенка
Светкава и сјајна сенка можеби е хит за оваа сезона но таа најмогу ги покажува знаците на старост. Светкавата сенка не е масна така што сите брчки и нерамнини ќе дојат на виделина. Затоа најпожелно е да користите мат сенки.
7.Повеќе шминка на долниот дел од окото и трепки
Како што старееме мора да престанеме да користиме маскара и моливче на долниот дел од окото. Ова само ги истакнува подочниците и ве прави постари наместо помлади.
Пронајдете не на следниве мрежи: