Злосторството се исплаќа

Loading...

Провалникот Џејмс Кејпа, кој украл 96 одликувања од Воениот музеј на Нов Зеланд има право да ја задржи наградата од 84.000 долари, добиена откако го вратил пленот, одлучи во среда судот.

Кејпа е осуден на 13 години затвор затоа што во 2007 година провалил во Музејот и  ги украл одликувањата, јави DPA.
По грабежот, Кејпа и неговиот соучесник Роналд Ван Вакерен  добија награда, затоа што, преку адвокатот, не откривајќи го својот идентитет, ги вратиле одликувањата.
Откако, набрзо по тоа  биле уапсени, Ван Вакерен ги вратил парите од наградата.
Кејпа одбил да го направи тоа и Врховниот суд на Нов Зеланд денеска му пружи втора прилика.

Макфакс

loading...
Loading...