Губењето тежина не е лесно за повеќето луѓе. Ако сте ги направиле сите планови за губењето на тежината, но сеуште не можете со соодветна брзина да го подобрите вашето здравје, размислете дали одреден страв може да игра улога во целата оваа ваша борба.
Три тајни стравувања кои ве спречуваат да го изгубите вишокот колограми
Страв од неуспех
Ова е причина број еден зошто многу луѓе не успеваат да се држат до планот за слабеење. Тоа е вистина и за оние кои не успеале да се ослободат од тежината во минатото, како и за оние кои се соочуваат со својот прв обид за ослободување од вишокот калории.
Постојат многу видови на страв од неуспех кои мозже да ве задржат од целосно ангажирање за промените во вашиот животен стил. Можеби се плашите дека имат недостиг на самоконтрола за да успеете и дека и покрај сите планирања и вежби, нема да можете да одбиете убав сочен десерт, или пак нема да имате мотивација да одите во теретана.
Исто така постои стравот дека може ќе изгубите тежина, но потоа да не сте во можност да не ја вратите назад. Зошто тогаш целиот тој напор, ако не помогне?
Страв од посветеност
Губењето тежина бара значителни напори и посветеност, а вие можеби не сте спремни за таква промена. Ако стравувате дека ќе ги пропуштате сите оние вечери со фамилијата и излегувања со пријателите, стравот од посветеност е можеби она што бве задржува. Или пак, стравувате дека еден саат поминат во теретана ке ви го одземе драгоценото време што инаку би го поминале со вашиот партнер, пријателка или фамилијата.
Исто така, може не сакате да се откажете и од некои од вашите омилени јадења и активности, што е навистина разбирливо! Запамтете, дека губешето тежина не треба да значи одрекување. Пред се, треба да значи наоѓање здрави замени за нештата што имаат негативен ефект за вашето здравје.
Страв од успех
Конечно, а можеби и контра интуитивно, може стравувате од успевањето во губењето тежина. Ако сте навикнале на негативна слика за телото, претстојната промена, успехот, може да биде застрашувачки. Ова може да вклучи и страв од загуба – дали имате пријатели кои можеби не губат тежина, кои може ќе ги оттргнете од себе поставувајќи нови цели? Може сте загрижени дека со нова фигура, ќе се смени и вашиот карактер, или пак дека ќе го зголемите вниманието на вашето тело – дури и кога вашите познаници и пријатели ке предизивкаат негативна слика за вас самите со тоа што ви кажуваат дека изгледате послабо.
Се на се, без разлика кој е вашиот страв, не дозволувајте да ви попречи во подобрување на вашата самодоверба и здравје. Направете си листа на сите позитивни ефекти кои што може да ги постигнете со губењето на тежина или разговарајте со вашите најблиски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.