Асанж: Темни сили се надвиле над интернет

Loading...

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж предупреди дека темни сили се надвиле на интернет и дека државните агенции и големите компании кои се етаблирале во онлајн бизнисот располагаат со многу информации за граѓаните.

„Моќта е толкава да огромен број пресретнати информации доведуваат до апсурд: оние кои нè следат знаат многу повеќе за нас отколку ние самите“, рече Асанж во интервју за издавачот во Србија Албион Букс, што во четврток го пренесува дневниот весник „Данас“.
Најпознатиот азилант во светот предупреди дека можноста од прекројување на содржините на глобалната мрежа, им создава услови на оние кои тоа го прават да ја менуваат сегашноста и минатото, а со самото тоа, да влијаат и врз иднината.
Асанж вели дека единственото оружје на слободните луѓе е обединување во заеднички фронт за слобода на интернет и примена на сериозни криптографски техники.
Асанж(41), Австралиец, од јуни се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон за да избегне екстрадиција во Шведска, каде што го чека судење за наводно силување и сексуално злоставување.
Еквадор одобри политички азил за Асанж, но Велика Британија сака да го спроведе налогот за апсење на Асанж што го издаде Шведска и не му дозволува да ја напушти земјата.

Макфакс

loading...