Мурињо го има лекот за Фергусон

Реал Мадрид-Манчестер Јунајтед е најзвучната двојка во осминафиналето, во фудбалската Лига на шампиони.

Овие два тима заедно имаат освоено 12 титули Европски првак, Реал најдобар во Европа бил девет пати, но последната титула фудбалерите на ’кралскиот клуб’ ја освоиле во сезоната 2001/2002, Манчестер Јунајтед е трикратен шампион на Европа, последната титула ’црвените ѓаволи’ ја освоиле во сезоната 2007/2008.
Историјата вели дека Реал, на три од четирите дуели со Манчестер Јунајтед, излегувал како победник.
Позитивна вест за Реал е и статистиката која нивниот тренер Жозе Мурињо ја има против менаџерот на Јунајтед, Алекс Фергусон, Португалецот на 14 натпревари против Фергусон има само два пораза, шест пати победил, а шест пресметки завршиле без победник.
Најдобриот играч на Реал, Кристијано Роналдо, ќе игра против некогашните соиграчи од Манчестер Јунајтед, по тој повод на социјалната мрежа Твитер веќе се огласи Рио Фердинанд. „О да, Мадрид! Какви два натпревара ќе бидат тоа. Брате се гледаме“, му порачува Рио на Роналдо.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: