Антиќ преку својот Фејсбук профил објави дека заминува од репрезентација. Тој изјави „Би сакал да ги известам македонските медиуми и целокупната спортска јавност, дека по долго размислување и јас го најавувам моето повлекување од репрезентативниот дрес. Како капитен чувствувам должност да го направам тоа сега како подобра варијанта отколку пред самото Европско првенство 2013 година зошто сметам дека од исклучителна важност е да се планира и да се постават темелите на оваа наша подмладена репрезентација. Како играч и како капитен сметам дека го дадов својот максимум во оваа репрезентација, по многу напорни сезони и три тешки операции и веќе над триесеттата година, сметам дека е вистинско време да се направи смена на генерации. Со македонскиот дрес имав многу моменти кои никогаш нема да ги заборавам… Многу успех им посакувам и изразувам огромна благодарност пред се на моите соиграчи, на целата МКФ и на сите македонски навивачи. Секогаш кога ќе можам ќе помогнам на Македонската кошарка на било кој начин и ќе бидам инволвиран во создавањето на идните македонски таленти. Оваа генерација и овие момци што остануваат имаат многу што да покажат и кажав и вистинско време е летниот период да го искористам за личен одмор и закрепнување и да се посветам на семејството. Ви благодарам со почит Антиќ Перо”.
За период од неколку дена тројца кошаркарски играчи се откажаа од македонската репрезентација.
Пронајдете не на следниве мрежи: