Виланова успешно опериран

Иако од редовите на Барселона сеуште нема официјално соопштение, сепак капитенот на тимот Карлес Пујол на својот профил на Твитер напишал дека тренерот Тито Виланова, во четвртокот бил успешно опериран во болницата ’Вал Д’Хеброн’.

Виланова во болницата би требало да остане во следните неколку денови, по што ќе следуваат хемотерапии и радиотерапии.
Во зависност од должината на рехабилитацијата, помошникот на Виланова, Жорди Роура, ќе го предводи тимот во следните недели.
На Виланова, пред една година му беше опериран туморот на плунковната жлезда, од кои успешно закрепна и се врати на работата, а во јуни го наследи на клупата на Барселона Пеп Гвардиола.
Меѓутоа, болеста во средата повторно му беше откриена и Виланова по итна постапка повторно мораше да миен низ салата за операции.
Лекарскиот тим на Барселона верува дека Виланова за најмногу два месеци ќе се врати на клупата на тимот, кој во оваа сезона го предводи со голем успех.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: