Поранешниот фудбалер на екипата на Интер ги повика челниците на клубот да што е можно побргу го решат проблемот кој го имаат со Весли Снајдер и да се обидат да го задржат Холанѓанецот кој секако би бил од голема корист за тимот на Интер.
Играчот од средниот ред на екипата на Интер се наоѓа на одмор иако остатокот од тимот и понатаму тренира и не ги завршиле своите обврски во 2012-тата година.
Снајдер е на предвремен одмор пратен поради тоа што тимот на Интер не смета на него се дури тој не се согласи да потпише договор со помала плата.
Амбасадорот на Интер Луиш Фиго ги повика челниците да најдат излез од овој проблем и да се обидат да го задржат овој фудбалер во своите редови.
„Се додека има ваква ситуација на целата екипа ќе и биде проблем. Очекувам да се преземат сериозни чекори напред за да се реши ова и да Снајдер остане во тимот“ изјави Фиго.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: