Анчелоти: Подобро Валенсија отколку Реал…

Тренерот на екипата на Париз Сент Жермен, Карло Анчелоти, призна дека му олеснало откако дознал дека за пласман во четвртфиналето ќе треба да ја преминат пречката Валенсија, а Анчелоти вели дека подобро Валенсија отколку Реал Мадрид.

Париз Сент Жермен ќе се судри во осминафиналето од Лигата на Шампионите со екипата на Валенсија и тоа е исходот од жребот во Нион кој им донесе олеснување на сите во Париз.

Тренерот на ПСЖ, потенцираше дека подобро е да се игра против Валенсија отколку против Реал Мадрид, кој исто така беше еден од можните ривали кои можеше да им се падне на ПСЖ.

„Најмногу стравувавме од Реал. Секако е подобро што ќе се судриме со Валенсија отколку тоа да беше Реал. Нашата цел е пласман во четвртфиналето и не би рекол дека извлекувањето е лесно бидејќи такво нешто не е можно да се каже во оваа фаза од Лигата на Шампионите“ изјави Анчелоти.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: