Конте: Не го потценуваме Селтик

Тренерот на италијанскиот шампион Антонио Конте изјави дека нема да му биде лесно на неговиот тим во двомечот со Селтик бидејќи се работи за екипа која пласманот во осминафиналето од Лигата на Шампионите се избори во група со Барселона, Бенфика и Спартак.

Јувентус патува во Глазгов на 12-ти февруари на првиот меч од осминафиналето од Лигата на Шампионите, а ривал ќе му биде тимот на Селтик.

Од редовите на шампионот на Италија веќе стигнаа реакции дека нема да гледаат потценувачки кон противникот а со таа констатација се сложи и Антонио Конте.

„Селтик е квалитетен ривал, се квалификуваа во елиминационата фаза иако во групата играа со екипи како што се Барселона, Спартак и Бенфика“ изјави Конте.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: