Венгер: Волкот не си оди во јануари!

Во сиот тој ризик да го загуби својот играч наредното лето кога му истекува договорот, Арсен Венгер потенцира дека Тео Волкот во јануари сигурно нема да го напушти Арсенал.

Откако Вилшир, Чемберлејн, Гибс, Ремзи и Џенкинсон потпишаа договор и ја продолжија верноста кон клубот од Лондон, сите сега се свртени кон Тео Волкот кој сеуште не ја продолжи соработката со својот клуб.

Во јавноста се шпекулира дека Арсенал ќе мора да го продаде својот фудбалер во јануари за да не го изгуби на лето без обештетување, сепак Арсен Венгер верува дека Тео ќе потпише договор и порачува дека нема да го продаде Волкот во јануари.

„На Волкот е да донесе одлука, се надевам дека ќе тргне по патот на своите соиграчикои ја продолжија верноста кон клубот, во секој случај, она што е сигурно, Волкот дефинитивно нема да го напушти Арсенал во јануари, лично верувам дека Волкот ќе остане во клубот во кој припаѓа“ изјави Венгер.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: