Напаѓачот на Ливерпул кој е на позајмица во Вест Хем изрази желба да се врати во клубот во кој и се афирмираше.
Високиот напаѓач уште од заминувањето од Сент Џејмс Парк не успеа да се врати во својата препознатлива форма.
Неговиот скапоцен трансфер во Ливерпул не ги оправда очекувањата, Керол не успеа да на вистински начин го замени Торес, а Брендон Роџерс воопшто не ни смета на својот напаѓач кој во моментов се наоѓа на позајмица во Вест Хем.
Керол во последно време го мачат проблеми со повредите кои додатно ја отежнуваат враќањето во формата која го дигна во фудбалската висина.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Керол изрази желба да се врати во Њукасл, клуб во кој ја започна професионалната кариера и во која од 2006-тата до 2011-тата година одигра 80 првенствени натпревари и постигна 31 гол.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: