Аба Лига: МЗТ забележа победа против Цибона

Екипата на МЗТ Скопје го доби дуелот против екипата на Цибона со резултат 82-76 во рамките од 14-тото коло од АБА Јадранската Лига.

Македонскиот претставник во АБА лигата е дефинитивно хит број 1, од голем аутсајдер како што сите го најавуваа, сега МЗТ Скопје е сериозен ривал на сите екипи во ова натпреварување.

Падна тимот на Цибона, со шест коша позитива.

Првата четвртина гласеше со резултат 17-13 во корист на нашиот претставник, втората четвртина со резултат 31-20 и се чини дека ова беше клучниот момент на мечот.

Во вториот дел од натпреварот мал пад во играта на МЗТ Скопје а тоа го користи гостинот и ја добива третата четвртина со резултат 15-24, во последната, односно во четвртата четвртина резултатот беше израмнет и гласеше 19-19, конечниот епилог од мечот 82-76.

Кај МЗТ Скопје најефикасен на мечот беше Дејвис со постигнати 21 кош, вистински предводник на паркетот.

Кај гостите Штревбери со постигнати 14 коша беше најефикасен во противничкиот табор.

Мечот го следеа 3500 гледачи.

МЗТ Скопје со освоени 22 бода се наоѓа на 6-тото место на табелата во ова натпреварување, прва е екипата на Игокеа со освоени 26 бода.

Наредниот натпревар во рамките од 15-тото коло нашиот претставник го игра на гостински терен против Широки на 23.12.2012 со почеток од 17 часот.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: