Домашна маска за лице

Нанесувањето маска на лице е еден од најстарите начини за разубавување. Се што треба да се стори за да имате убава и свежа кожа е да го ставите препаратот на лицето, да го оставите околу десетина минути и да го измиете лицето.

Постојат најразлични маски за лицето: хранливи, за ревитализирање, за чистење на лицето…

Наједноставен начин за нас, со кој ќе заштедиме и многу пари, е да си направиме маска од природни состојки.

Токму ваквите маски можат да бидат многу делотворни. Се што треба да знаете е каков тип на кожа имате.

Како се нанесува маска?

Вашата кожа може да се менува од сезона во сезона. Масната кожа на топло време може да стане сува во текот на зимата поради греењето. Затоа, пред да одберете маска за вашето лице, земете во  предвид неколку работи.

1. исчистете го лицето пред да ја нанесете одбраната маска, а откако ќе ја извадите маската, лицето измијте го со млака вода и нанесете хидратантна крема.

2. повеќето маски треба да делуваат на лицето од 3 до 10 минути. Затоа внимателно прочитајте ги упатствата.

3. ако имате мешана кожа, користете два вида на маска – една за масна и една за сува кожа. Секоја нанесувајте ја на оној дел од лицето кое што и одговара.

Маска за чистење на лице

Измешајте ги следните состојки во паста, нанесете ги на лице и оставете ги 15тина минути:

1 лажицапивски квасец во прав
1/2 лажици јогурт
1 лажичка сок од лимон
1 лажичка сок од портокал
1 лажичка сок од морков
1 лажичка маслиново масло

Оваа маска е погодна за сите типови на кожа, особено за уморната кожа и за онаа која има проблеми со акните.

Ако кожата е многу сува, додадете повеќе масло, а ако е ногу мрсна, не ставајте масло. Јогуртот темелно ја чисти кожата, додека овошните сокови ја збогатуваат кожата со витамини и минерали. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: