Верувале или не, кружат гласини дека Ријана планира тајно да се венча со Крис за нова година!
Ријана освен што наводно им кажувала на своите пријатели да бидат слободни за таа вечер, исто така го одведе Крис на Барбадос за да ги поминат новогодишните празници заедно со нејзината фамилија. Таа пробува да ја убеди својата фамилија дека Крис повеќе не е истиот, дека е сменет и претставува прилично подобра личност сега.
Во секој случај, мајката на Ријана знае за свадбата која би требало да биде изненадување и не ја одобрува воопшто. Всушност и се јавувала на Ријана викајќии зошто си го уништува сопствениот живот. Ова е нешто што таа го сфаќа сериозно бидејќи, нејзиниот маж, таткото на Ријана, бил исто така насилен, па не сака да гледа како својата ќерка ја повторува историјата.
Исто има гласини дека Ријана бара од својата издавачка куќа, ако може да земе малку слободно време за да можзе да има бебе. Вистина или не, изворот вели дека Ријана се сретнала со својата издавачка куќа и рекла: ,,Ќе може да земам одмор, сакам бебе”,а тие во основа, откако го слушнале тоа, само зјапале во неа. Но, според изворот таа нема воопшто слободно време во својот распоред се до 2014. Нема ниту коментар од претставниците на двајцата, Ријана и Крис.
Ни останува само да видиме што ќе се случи на 1 јануари 2013. Овој ќе биде или многу разоктриваќки, или многу разочарувачки ден.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: