Таа прима писма од млади девојки кои сакаат таа да ги научи како да бидат како неа, но таа одбива да ги учи децата како да умрат.Имено Валерија, најслабата жена на светот има 25 килограми, но не затоа што таа е опседната со својот изглед, туку затоа што со години боледува од анорексија.
Запознајте ја Валерија Левитин (39), која официјално е најслабата жена на светот. Имено, таа има само 25 килограми и верувале или не, нејзините обожавателки сакаат да изгледаат баш како неа.
Таа важи за инспирација за девојките кои се претерано опседнати со својот изглед, а таа одбива да го прифати тоа, бидејќи доколку ги подржува, тоа би значело да ги осуди да умрат.
Валерија е висока 1,75 метри, а според мислењата би требало да тежи 56 килограми. Изненадена од девојките кои и се восхитуваат, таа решила да проговори јавно за својата болест и да учествува во кампањи за борба против анорексијата.
Се започнало со мајката на Валерија, која се плашела Валерија да не стане дебела како нејзините роднини, па така уште од мала таа е хранета со многу мали порции на храна.
Кога нејзиното семејство се преселило од Русија во Америка, и кога започнала да станува опседната со својот изглед, таа се препуштила на радикална диета, па на само 23 години таа имала 20 килограми. Некои намирници како што се лебот и шеќерот нејзиното тело повеќе не ги прифаќа.
Валерија се надева дека ќе се врати во својата родна Русија, и дека со помош на сурогат мајка, таа ќе може да основа семејство.
Пронајдете не на следниве мрежи: