Владата на Романија се плаши од уроци, ирските градежници од самовили, а една куќа во Њујорк судот и службено ја прогласи за проколната…
1. Владата на Романија се плаши од уроци
Маѓепсништвото и гатањето се профитабилни бизниси во Романија, така што Владата пред две години изработи нацрт-закон, со кој гатањето би станало легитимна работа подложна на плаќање данок. Сепак Сенатот го отфрли тој Закон, не затоа што не сакаше данок од маѓепсништвото, туку затоа што се плашеле дека поради тоа врз нив ќе бидат фрлени уроци и зли маѓии. Поточно, откако Владата сакала гатањето да го претвори во нов извор на полнење на фискалната благајна, гатачите и гатачките се заканија дека ќе се осветат со тешки маѓии. Затоа тој закон на крајот беше отфрлен.
2. Судот потврди дека куќата е опседната со духови
Во 1989 година брачната двојка Џефри и Патрис Стамбовски купиле на аукција во Њујорк вила со 18 соби, но после некое време разбрале дека нивната нова куќа крие некои паранормални тајни. Проблемот бил како да се раскине купопродажен договор со поранешната сопственичка. Започнаа судски процес, а по неколку жалби судот договорот го прогласи за неважечки, бисдејќи поранешната сопственичка во него не навела „станари“ кои „живееле“ во куќата.
3. Во Индија астрологијата е вистинска наука
Луѓето често пати не ја знаат разлика меѓу астрологијата и астрономијата. Наједноставно би било да се појасни вака: астрономијата е вистинска наука која се занимава со изучување на ѕвездите и планетите, а астрологијата не е тоа. Меѓутоа, на некои Индијци не би можеле на овој начин да им ја појасниме таа разлика. Поточно индискиот Врховен суд ја прогласи астрологијата за вистинска наука. Таму дури постојат и факултети на кои можете да добиете диплома од астролошка наука.
4. Владата на Кина троши милиони на фенг шуи
Фенг шуи е прастара кинеска традиција, која поставува правила за организирање простор со цел максимално да се искористи животната енергија. Таа пракса во 60-тите години на минатиот век ја забрани Мао, но таа доживеа големо враќње па сега Кина со соочува со бројни тужби од граѓаните, кои сметаат дека Владата го нарушила фенг шуи. Затоа сега мора да ги „прочистува“ патиштата, тунелите, мостовите во кој бил нарушен фенг шуи. На сето тоа потрошени се милиони и милиони јуани.
5. Во Ирска и на Исланд не смеат да се гради на „самовилска земја“
Во Ирска градежниците се сретнуваат со проблеми на заобиколување на самовилската земја. Иако мал број на Ирци признаваат дека веруваат во самовили и целиот фолклор поврзан со тоа, праксата покажува поинаку, ако се смета дека одредена територија е „место за собир“ на самовили, градежниците ќе ги насочат патишата и автопатитеакон некој друг правец. Фолклористот Еди Ленхихан тврди дека последиците на спротивната пракса би можела да биде кобна.
Слично е и на Исланд каде голем процент од населението верува во самовили, за кои сметаат дека по природа се многу осветлољубиви. Ислаѓаните исто така ги заобиколуваат „местата на состанок“ на самовилите, а во еден случај престанале да работат сите машини при обид за поместување на големи камења, кои се наоѓаат на „самовилската територија“.
Законодавците се многу „креативни“ и во другите евроспки држави. На Швајцарците кои многу го почитуваат мирот на другите луѓе, им е забрането гласно да пуштаат вода во тоалетот по десет часот навечер. Во Велика Британија не смее да се почине во Парламентот и да се бакнува на железничка станица.
Пронајдете не на следниве мрежи: