9 месеци живее на дрво бидејќи го изневерила жената

Сањеј ја фатил својата сопруга како го мами со соседот кој живее во куќата до нивната во Мумбај, но таа одбила да му се извини за својот чин, па овој 25-годишен маж се качил на стебло, од кое нема намера да се симне се додека таа не се извини…

Тој преживува благодарејќи на плодовите на дрвото и храната која му ја носат роднините. „Јаде и спие на дрвото. Дури и се `олеснува` на него. Често одиме кај него да го прашаме дали му треба нешто, раскажува неговата сестра. Неговата мајка, наводно, им кажала на сите роднини дека тој порачал дека ќе се убие доколку продолжат да го наговараат да се симне.

 

Со оглед на тоа дека мажот не направил никаков прекршок и никому не се обраќа, полицијата неможе да интервенира, а неговата сопруга се вратила кај своите родители и упорно не се извинува.

Пронајдете не на следниве мрежи: