Божиќната честитка на Ким Кардашијан: Каде е Канје Вест?

 

Ким Кардашијан и Кање Вест можеби стануваат се поблиски, но, ќе биде потребно многу повеќе од неколку јавни појавувања заедно, за раперот вистински да биде дел од реалното шоу на фамилијата Кардашијан.

 

Се додека прстот на Ким е без прстен и нејзината утроба празна, извор тврди за „Touch“, дека Вест „нема да биде на фамилијарната божиќна честитка“.

 

„Ким никогаш немала момче на фамилијарната божиќна честитка. Единствено момче што таа некогаш го имала на божиќната картичка беше нејзиниот поранешен маж. Ако таа се венча со Кање, во тој случај би бил на честитката“.

 

Тогаш како Скот Дисик, момчето на Кортни Кардашијан беше на божиќната честитка во 2011?

„Доколку тие забременат пред да стапат во брак, би требало тоа да се дискутира со фамилија. Така и Скот се појави на честитката“, додава изворот.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: