Најатрактивниот пар за осминафиналето од Лигата на Шампионите дефинитивно е дуелот меѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Многу занимливости околу дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а во епицентарот би требало да биде сепак најдобриот играч на Реал, Кристиано Роналдо, и тоа поради фактот што Португалецот ќе игра против својот поранешен клуб каде стекна светска слава.
Роналдо веќе три сезони е во Реал, а претходно пет сезони настапуваше за тимот на Манчестер Јунајтед, па не е чудно што реагираше на следниов начин…
„Имам премногу голем респект кон Јунајтед, клубот каде поминав одлични години. Затоа сега најавувам дека сигурно нема да славам доколку постигнам погодок против овој тим“ изјави Роналдо и додаде…
„Фергусон е прекрасна особа. Тој е мојот фудбалски татко и многу ме научи. Ми недостига Фергусон, тој ќе биде главната причина поради што нема да ги славам головите против овој тим“изјави Роналдо.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: