Најчесто жените не доживуваат оргазам и се прашуваат дали тој навистина постои. За научниците, машкиот оргазам е сосема логичен – целта е испуштање на спермата. Но, што се случува со женскиот оргазам?
Дали тоа жените не можат да доживеат оргазам поради некое психичко пореметување или поради некоја биолошка функција.
Некои научници, женскиот оргазам го објаснуваат како среќа, бидејќи не секоја жена е среќна жена и може да го почувствува тоа чувство на оргазам. Можеби е некое психичко пореметување кое не и дозволува на жената да свршува често, скоро и никогаш, но докажано е дека и мажите имаат улога во нивниот начин на свршување и на тоа дали тие воопшто ќе доживеат оргазам за време на сексот.
Женските гениталии се навистина чувствителни, можеби и почувствителни од машките гениталии.
За доживување на оргазам за време на сексот, мажот треба да ја погоди вистинската положба и точка на жената. Доколку ја приметите девојката за време на секс дека ужива во одредена поза и сака по секоја цена да остане на неа, дозволете и, бидејќи наскоро со сигурност ќе го доживее тоа посакувано чувство, чувство на оргазам.
Постои и друга теорија зошто жените не можат да доживеат оргазам. Тоа е “изборот на партнерот“ и чувствата кон него. Партнерот на жената кој изгледа секси најчесто има висок квалитет на спермата и способност да и помогне на жената да доживее повеќе од еден оргазам.
Мастурбацијата е уште еден начин кој гарантира доживување на оргазам. Најчесто мастурбацијата е побрз и полесен начин до оргазам одколку сексот. Но, сепак овој процес на доживување на оргазам и не е така возбудлив. Главната цел е жената да ужива во сексот, каде што главниот резултат ќе биде незаборавен оргазам.
Научниците имаат повеќе време поминато во истражување на механиката односно тактиката за една жена да доживее оргазам, а не на крајниот резултат.
Оргазамот има свои предности и е доста важен дел од животот на една жена. Тоа и го зголемува либидото, ја прави посреќна, емоционално постабилна, со висока самодоверба, и зголемено искуство.
Секој оргазам е половина здравје, а денот може да ви го направи поубав и посреќен.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24
Пронајдете не на следниве мрежи: