Претседателот на Ферари Лука Ди Монтеземоло преферира да го ангажира Себастијан Фетел, во втор план му е Луис Хамилтон.
Еднаш кога Алонсо ќе одлучи дека е време за крај на неговата кариера, во Ферари ќе мора да доведат ново големо име на местото на првиот возач.
Актуелниот трикратен светски првак Себастијан Фетел и претходно беше поврзан со преминување во Ферари, но до трансфер не дојде, но тоа секако не ја исклучува можноста да не премине во иднина.
„Помеѓу сите возачи, Фетел и Хамилтон би можеле да бидат совршени за Ферари во иднина со една разлика, Фетел е помлад“ изјави Ди Монтеземоло.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: