„Ел Мундо“ пренесува дека Манчестер Сити го пратил во Бразил својот спортски директор Тцики Бегиристан.
Во Вторникот, некогашниот фудбалер и спортски директор на Барселона, тргна на пат за Бразил со една задача – да потпише договор со 20 годишната ѕвезда на Сантош, младиот Нејмар.
Бразилскиот фудбалер моментално е најголема ѕвезда која голем број европски гиганти сакаат да го ангажираат, но многу пати и самиот Нејмар, но и луѓето од тамошниот клуб кога е во прашање преодниот трансфер-период велат дека тој останува во клубот и трансфер нема да има.
Сепак, Манчестер Сити се чини дека прв започна со сериозна акција во однос на ангажман на Нејмар па останува да видиме како ќе се одвиваат настаните.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: