“Gangnam style” со светски рекорд

Корејската ѕвезда Psy со својата песна “Gangnam style” го постигна новиот светски рекорд кој достигна неверојатна бројка од милијарда пати.

Во шест часот по централно европско време, спотот на Psy бил погледнат повеќе од 995.840.000 пати, за само пет месеци откако беше ставен на каналот за музика YouTube.
Кон крајот на ноември, “Gangnam style“ ја помина гледаноста на Џастин Бибер со песната “Baby” и влезе во историјата на најгледано видео на интернет.
 

И покрај тоа што текстот е на корејски, сепак мелодијата и танцот беа примамливи за гледање и го маѓепсаа светот. Пејачи, актери, спортисти, генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун, градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, претседателот Барак Обама и сите останати луѓе во светот го имаат проследено ова фамозно видео, а кореографијата се изведува насекаде низ светот.

 Оваа песна го исмева начинот на живот на богатите во соседството Сеул.

 
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

Пронајдете не на следниве мрежи: