Капитенот на женската ракометна репрезентација Тања Андреева се повлекува од репрезентацијата.
Андреева ова го најави пред заминувањето за Ниш, каде нашата женска ракометна репрезентација играше на Европското Првенство во Србија, кое нашата селекција го заврши неславно.
„Мислам дека е доста и време е моето место да го отстапам на некоја помлада ракометарка“ изјави за „НоваМакедонија“ Тања Андреева.
Андреева забележа 101 настап за Македонската женска ракометна репрезентација, а јубилејот од 101 натпревар го забележа токму на Европското Првенство во Србија на мечот со Данска.
Извор/Изјава/Фото: „НоваМакедонија“
Пронајдете не на следниве мрежи: