Тренерот на екипата на Милан, Масимилијано Алегри изјави дека доколку во случај да Милан ги продаде Пато и Робињо, потпретседателот на Милан, Адријано Галијани мора да биде спремен да доведе квалитетен напаѓач.
Алесандре Пато и Робињо во недела патуваат во Бразил со Адријано Галијани за да се постигне конечен договор околу тоа дали двајцата ќе го напуштат тимот на Милан.
Масимилијано Алегри призна дека клубот мора да доведе еден квалитетен напаѓач.
„Доколку го продадат Пато и Робињо тогаш ќе ни биде потребен уште еден напаѓач. Пет напаѓачи мораат да бидат на располагање на тренерот но се зависи од тоа што ќе се договори Галијани во Бразил“ изјави Алегри.
Италијанските медиуми шпекулираат дека на мета на Милан е Марио Балотели, и играчот на ПСЖ, Хавиер Пасторе, дури се оди до таму што Милан наводно би се обидел и двајцата да ги ангажира, што секако би било тешка мисија.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: