По две години пауза, Маја Поцевска повторно на екраните со нов проект на Телевизија Алфа.
Емисијата ПМ Магазин ќе се емитува секоја недела од 18 часот. Во секое издание ќе се зборува на различна тема со гости, јавни личности кои ќе споделат свои искуства, мислења и ставови. Секојдневни теми во кои може да се пронајде секој од вас.
-Морам да кажам дека веќе со нетрпение чекав да почнам со емисијата, бидејќи мислам дека на екраните навистина недостасуваат емисии од домашна продукција, а и паузата од две години искрено многу ми дојде.
-Им посакувам на моите колеги што побрзо да се изборат за простор во етерот и да почнат со свои емисии бидејќи ќе се сложите- имаме многу квалитетни водители и водителки кои седат дома. Да се врати духот на нашите телевизиски канали. Состојбата е навистина очајна со серии и откупени српски проекти.
Мислам дека Алфа е една од ретките куќи кои продуцираат своја програма која е за поздрав. Токму затоа преминав од Сител во Алфа.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: