Кој треба да доминира во креветот?

Loading...

Дали сте и вие една од оние кои сметаат дека е “нормално“ мажите да ја водат играта во креветот, а жената да ужива? Размислете уште еднаш. Резултатите на најновите истражувања го покажаа сосема спротивното.

Ако едноставно не сте личност која сака, од време на време, да преземе иницијатива, сексуалните терапевти препорачуваат да поработите на сопственото сексуално оспособување. Еве 4 совети кои треба да ги направите, па да почнеме со ред.

 

1. Запознајте го своето тело

Ако сеуште не знаете што имате на располагање – тогаш крајно време е да се запознаете со своите интимни делови од телото. Темелно проучете го вашето тело на огледало и започнете истражување.

 

2. Испуштајте звуци на возбуда

Ако сте биле тивки за време на сексот, тогаш време е за промена на таа лоша навика. Ако се опуштите и препуштите, ќе ви биде многу лесно да испуштате звучи на возбуда и задоволство. Жените кои знаат како да ја изразат својата сексуалност и да се препуштат на чувства се сексуално сигурни во своите способности.

 

3. Кажувајте ги своите желби на глас

Сакате да му кажете на партнерот што ве возбудува. но не се осмелувате? Во овој случај важи правилото „вежба за совршенство“.

 

Говорете еротични изрази и фрази додека се гледате во огледало. На овој начин ќе стекнете самодоверба која ќе можете да ја примените во текот на сексот.

 

4. Преземете ја контролата

Нема потреба постојано да сте “зад воланот“. Сепак, добро е од време на време да ја преземете контролата и да покажете своја иницијатива. Почнете со едноставни работи како што се бакнежите и масажите. Препуштете се и дозволете чувствата да ве водат.

 

Copyright 2012 Puls24.mk. Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или презема, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...