Обама го именуваше Џон Кери за државен секретар

Американскиот претседател Барак Обама во петокот навечер го именуваше демократскиот сенатор Џон Кери за државен секретар кој ќе ја замени досегашната шефица на дипломатијата на САД, Хилари Клинтон.

Претседателот Обама при именувањето го нарече новиот американски државен секретар Вон Кери „совршен избор“ за идното водење на американската дипломатија, откако минатата седмица од конкуренцијата отпадна амбасадорката при Обединетите нации, Сузан Рајс.
Обама, исто така, се обрати и до Сенатот од кого очекува брза потврда на именувањето на Кери.
„Свртуваме нова страница по децении војни, а тој сфаќа дека мораме да ги ангажираме сите елементи на американската моќ“, рече претседателот Обама на кусата прес-конференција во Белата куќа, на којашто го објави именувањето на поранешниот претседателски кандидат на демократите за шеф на Стејт департментот.
Шеесет идеветгодишниот Кери веќе 27 години е член на сенатската Комисија за надворешна политика, а последните шест години е на чело на оваа комисија.
Именувањето на Џон Кери во кабинетот е првото откако Барак Обама го освои вториот претседателски мандата, а наскоро се очекува и именувањето на следниот министер за одбрана. Тоа засега е одложено, поради силното спротиставување на изборот на некогашниот републикански сенатор Чак Хејгел кој се сметаше за најверојатен наследник на Леон Панета за челното место во Пентагон.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: