Разгневена толпа провалила во полициска станица и запалила жив маж осомничен дека ја запалил муслиманската света клима Куранот, објави полицијата во саботата за последниот од случаите на насилство коишто го свртуваат вниманието на спорните закони за сквернавањето во Пакистан.
Несреќниот маж бил патник и ја минал ноќта од четврток кон петокот во џамија, соопштил Маулви Мемон, имам во селото Сеета во јужната пакистанска покраина Синд. Јагленосаните остатоци од Куранот биле пронајдени следното утро. „Беше само во текот на ноќта. Немаше никој друг да ја стори таа страшна работа“, рекол Мемон, пренесува Reuters.
Селаните откако го претепале мажот и’ го предале на локалната полиција. Неколку часа подоцна, топла од околу 200 луѓе провалила во полициската станица, го извлекла човекот надвор и го запалила, изјавил Усман Гани, полициски началник во округот Даду. Додал дека околу 30 се уапсени поради убиство а седум полицајци се уапсени поради негрижа.
Најмалку 53 луѓе се убиени во Пакистан од 1990 година досега, откако се обвинети за сквернавање и богохулство, според Центарот за истражување и безбедности, а таквите обвинувања стануваа во последно време сé почести, но и неосновани.
Богохулството во Пакистан се казнува со смрт, но тоа не е изрично дефинирано како дело во законот. Во текот на некои судски процеси, адвокатите често не сакаат да ги урнат доказите против своите клиенти поради страв и самите да не бидат обвинети за бласфемија.
Пакистанци, инаку, се апсени и само поради тоа што расправале или пишувале за исламот, ученици кои направиле грешка во домашна задача или не се придружиле на протестите против американскиот филм „Невиноста на муслиманите“ во кој се навредува пророкот Мухамед.
Последниот случај којшто ја алармираше меѓународната јавноста беше случајот на Римша Месих, христијанска малолетна девојка, која беше обвинета дека во канта за ѓубре носела изгорени страници од работна тетратка за вежбање во која се цитира Куранот.
Обвинението беше отфрлено во ноември, откако нејзин сосед сведочеше дека на девојчето и’ било подметнати страниците за да се провоцираат немири со кои ќе бидат протерани христијаните од тој кварт.
Во последните две години, два високи пакистански функционери кои предложија реформи на спорниот закон за богохулство се убиени, еден од сопствениот телохранител. Адвокатите фрлаа симболично рози врз убиецот, а судијата кој го осуди беше принуден да побегне од Пакистан.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: