Викенд хороскоп за 22.12.2012 и 23.12.2012
Овен
Увидувате дека вашите идеи се разликуваат од мислењето на повеќемина, но не можете да прифатите некои просечни мерила што ги форсираат соработниците. Потребно е да ги докажете сопствените способности, најдобро е без премногу зборови. Бик На погрешен начин ги поврзувате новите случувања на деловна сцена, а нечие однесување го толкувате во согласност со своите лични потреби. Морате да сфатите дека одобрувањето од некого и големите комплименти немаат посебна вредност. Избегнувајте чувствителни теми. Близнаци Некој не ги исполнува вашите основни очекувања или заедничкиот договор, но вие се однесувате како да не ги забележувате ситните неправилности. Со игнорирање на деловните проблеми ништо нема да добиете, линијата на помал отпор не води кон позитивни решенија. Рак Дејствувате многу ефикасно или снаодливо во различни ситуации, со смислена тактика успевате да одговорите на новите деловни предизвици. Потребно е јасно да ги дефинирате своите ставови во однос на вредносните критериуми. Упорно барате излез од емотивната состојба која ве оптоварува. Лав Помислата дека во овој момент се наоѓате голем чекор пред другите, влијае доволно поттикнувачки и возбудливо. Умеете да воспоставите добра деловна контрола и да ги насочите случувањата кон практични резултати. Партнерот нема нерви да ги одгатнува вашите таинствени мисли. Девица Сакате да се разликувате во професионална смисла или на начин што остава впечаток на околината. Соберете ја околу себе екипата од доверливи соработници, така на најдобар начин ќе разработите деловна стратегија. Ве возбудуваат новите емотивни игри, посебно кога се по ваш вкус. Терезија Мотивирани сте за нов деловен успех, затоа прифатете ја деловната атмосфера или идејата што ви ја предлага една влијателна личност. Вашите очекувања не можат во потполност да се остварат, но тоа не е причина за незадоволство. Скорпија Во ваш интерес е да ги избегнувате сомнителните друштва и личности. Секој треба да има приоритети и ефикасно да ги завршува своите обврски. Преземете одговорност. Не треба да се грижите за моменталниот недостиг од инспирација. Стрелец Некој во последен момент инсистира на промена на деловниот договор во корист на сопствените цели. Вие го знаете тоа и не дозволувајте да бидете манипулирани. Нема потреба да ги докажувате сопствените способности во погрешни ситуации или кога не постојат услови за рамноправност. Јарец На директен начин го изразувате своето незадоволство поради новата ситуација во деловното опкружување. Ве лути нечие ноншалантно однесување или неправда што дозволувате да помине. Иако се наоѓате во чувствителна емотивна фаза не иритирајте ја саканата личност. Водолија Нема потреба да зборувате за стара слава кога имате можност за нова деловна шанса. Успехот подразбира правилна информираност за различните аспекти и добро осмислена акција. Проценете го најдобриот момент за иницијатива на сите животни полиња. Риби Вишокот суетност во овој момент може да ви пречи или да ве наведе на погрешен заклучок. Нема потреба да инсистирате на лидерска позиција меѓу соработниците. Вистинските професионалци секогаш се препознаваат на дело. Непотребно се оддалечувате од саканата личност.Викенд хороскоп за 22.12.2012 и 23.12.2012