Македонскиот филм „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, за жал не се најде на Оскаровската листа…
Американската филмска академија вечерва ги објави деветте филмови од странско јазично подрачје кои влегуваат во потесниот круг во трката за Оскар.
Македонскиот филм „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, за жал не се најде на Оскаровската листа.
За најголеми фаворити за најдобар филм од странско јазично подрачје се сметаат „Amour“ од Австралија, „The Untouchables“ од Франција, „A Royal Affair“ од Данска и „No“ од Чиле.
На листата оваа година најмногу доминираат Европски филмови, а меѓу номинираните се и два филма од Скандинавија и еден од Исланд.
Помеѓу претставниците е и канадски филм кој го претставува американското подрачје иако дејствието во „War Witch“ се одвива во Африка.
Пронајдете не на следниве мрежи: