Сестрата на Цеца Ражнатовиќ носи машки близнаци!

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ во средата ја прослави својата куќна слава, Свети Никола, а гостите таа вечер имаа прилика од пејачката да дознаат дека наскоро нејзината сестра и зет, Лидија и Предраг Оцокољиќ ќе добојат машки близнаци. Сепак, оваа информација за медиумите ја откри синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ во емисијата “Ексклузив“.

Помладата сестра на фолк дивата, 38-годишната Лидија е во долгогодишен брак со фудбалерот Предраг Оцокољиќ, со кој веќе има ќерка Хелена и син Виктор.

 

Вељко откри дека семејството Ражнатовиќ, Величковиќ и Оцокољиќ нестрпливо ги чекаат близнаците да стигнат на свет, но и дека Лидија и Предраг сеуште не смислиле имиња. Среќните денови допрва им доаѓаат. Дали би им помогнале да изберат имиња?

Пронајдете не на следниве мрежи: