Осудете се да украдете елка во Полска

Доколку немате новогодишна елка дома и немате пари да купите, секогаш има опција да исечете од некоја шума, без разлика дали е мала или голема. Но, доколку се осудите на таков чекор во Полска, можете да завршите во затвор. 

Казната затвор за крадење на дрва од полските шуми е дури пет години, а најминималната вредност е да платите четири пати повеќе од вистинската вредност на дрвјата. 

Бидејќи секоја куќа мора да има полска елка за празникот, владата предупреди дека казната може да се зголеми од Бадник. Овие закони и казни се неопходни за да се заштитат природните богатства на територијата на Полска. Во оваа земја постојат голем број дрвократци, кои покрај одредени потреби, ги сечат дрвјата за забава и натпреварување. 

Во југоисточниот дел на Полска, посебни ренџери и шумски полицајци вршат контрола низ шумите и ги заштитуваат од нелегалните продавачи. 

 

Полска е држава која ги вреднува своите природни национални богатства и поради тоа донесува ригорозни закони. За само една исечена гранка можете да платите 125 евра, доколку сте фатени на лице место. 

 

Во случај дрвото да не ја надминува вредноста од 19 милиони евра, крадецот ќе помине само еден месец во затвор и ќе треба да плати само пола од сумата на вистинската вредност на дрвото. 

Овие закони покрај тоа што важат за жителите на земјата, важат и за странците кои ќе се осудат да пресечат некоја елка или друг вид дрво од полските шуми. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

Пронајдете не на следниве мрежи: