Добила отказ затоа што е атрактивна

Работодавачите имаат право да ги отпуштаат своите вработени, но ако имаат причина која е аргументирана и подржана со факти. Но, за некои тоа е непотребно бидејќи нашол “уникатна“ причина да ја опушти својата вработена-“премногу добар изглед и премногу атрактивна“. 

Судот Ајова Сити, во американската држава Ајова, донесе пресуда да се отпушти вработената поради тоа што е премногу заводлива и атрактивна на работното место. Покрај неа, работодавачот реши да отпушти уште неколку млади и атрактивни вработени, со изговор дека работата со атрактивни жени може да му влијае негативно на бракот. 

 

Судијата кој го следеше овој случај изјавил дека имало прекршување на човековите права врз основа на полова дискриминација. Од друга страна пак, адвокатот на работодавецот изјави дека судот испраќа погрешна одлука во јавноста. 

 

“Оваа изјава испрати порака до жените во Ајова дека мажите не можат да бидат одговорни за своите сексуални желби, и дека жените од оваа американска држава треба да се тие кои ќе внимаваат на сексуалните желби на нивните шефови”, изјави адвокатот Џими Пејџ Фидлер.

 

Интересен факт за овој случај е дека поротата се состоела од седум мажи, што е навистина реткост во судскиот систем на САД и оваа американска држава. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

Пронајдете не на следниве мрежи: