Стапија на сила нови санкции на ЕУ против Иран

Европската унија во саботата во својот службен весник го објави списокот од 18 правни и едно физичко лице на коешто ќе се применуваат новите санкции во однос Иран.

 

Станува збор за Бабак Занџани „важен посредник и иранските нафтени трансакции и во пренесувањето на парите поврзани со нафтата“ кој е „сопственик и челник на групацијата ’Sofinet’ со седиште во Обединетите Арапски Емирати“, се додава во службениот весник на ЕУ.

Меѓу 18-те организации и компании од овој список  се и три филијали на „National Iranian Oil Refining and Distribution Companyja (NIORDC)“, но и повеќе институти и претпријатија обвинети директно да ги поддржат иранските нуклеарни активности кој претставуваат закана за ширење на нуклеарното оружје. Меѓу нив се и „Iran Aluminium Company (Oralco)“  и „Sharif Univesity of Technology“ од Техеран.

На крајот, на листата се и правни лица за кои постојат сомневања дека и’ пружаат финансиска помош на иранската влада, како што се Првата исламска инвестициска банка во Малезија и во Индонезија.

Европскиот совет во соопштението објавено во петокот наведе дека на ударот на овие европски санкции ќе се најдат 105 Иранци и 490 претпријатија.

ЕУ на 15-ти октомври одлучи дека позначително ќе ги заостри финансиските и трговските санкции за Иран, за да го принуди на продолжување на преговорите за неговата контроверзна нуклеарна програма

Санкциите доаѓаат по пакетот санкции кои се заострени по нафтеното ембарго што во јули стапи на сила.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: