Папата го помилува својот поранешен собар

Папата Бенедик Шеснаесетти во саботата наутро го посетил својот поранешен собар Паоло Габреиле во затворот и лично му ја пренел одлуката за помолувањето. Габриеле потоа е веднаш ослободен и веќе е со неговото семејство, соопштија од Светата столица.

Во соопштението на Ватикан, исто така, се наведува дека Папата го помилувал и вториот учесник во аферата која медиумите ја нарекоа „Ватиликс“ Клаудио Скиарпелети, кој беше осуден за помагање на Габриеле.

Габриеле на 6-ти октомври беше осуден поради кражба на документи и му беше одредена 18-месечна затворска казна.

Собарот на Папата, 46-годишниoт Паоло Габриеле е обвинет дека користејќи го пристапот до приватни простории на Бенедикт Шеснаесетти, повеќе месеци крадел и фотокопирал доверливи документи на Папата и под шифрираното име „Марија” му ги доставувал на италијанскиот новинар Џанлуиџи Нуци кој ги објави во книгата „Неговата светост” (Sua santita), откривајќи ги добро сокриените тајни за анимозитет, ривалитетите и корупцијата во Ватикан, особено за вториот човек на Светата столица, кардиналот Таркисио Бертоне

Поранешниот собар на Папата ја призна вината. Во сослушувањата во истрагата призна дека дејствувал за да ги открие „злото и корупцијата” во Ватикан. Сметал дека Папата не е доволно информиран, и оти сакал да ја врати Црквата „на вистинскиот пат”.

Габриеле беше уапсен на 23-ти мај, мина 53 дена во самица во жандармеријата на Ватикан пред кон крајот на јули да биде ставен во домашен притвор.

Судењето заврши многу брзо, имајќи предвид дека Габриеле веќе претходно ја призна својата вина.

Додека трае судењето Папата во секој момент може да го помилува, што е многу веројатно, иако Бенедикт Шеснаесетти беше „длабоко повреден” од предавството на некој што го „познава, сака и почитува”.

AFP врз основа на извадоците од книгата на италијанскиот новинар забележува дека таканаречената афера Ватиликс ги отвори вратите во ватиканските тајни,

„Се чувствувам невин за тешка кражба. Се чувствувам виновен бидејќи ја предадов довербата којашто ми ја укажа светиот Отец кого го сакам како да сум му син”, изјави Габриеле кого во Ватикан го нарекуваат Паолето, на вториот ден од судењето.

Должноста којашто ја извршувал, тој беше секогаш покрај папата Бенедикт Шеснаесетти, му ја подготвувал свечената облека, му ги послужувал оброците и речиси нема снимка или фотографија на којашто не е во непосредна близина на Папата, па дури и во папамобилот, му овозможила нештата да ги гледа и од гледиштето на народот и властите.

„Бев навистина скандализиран кога на појадокот открив дека Светиот Отец ми поставува прашања за коишто би требало да биде информиран…, тогаш се уверив дека е лесно да се манипулира со личност која во рацете има голема власт”, е дел од цитатот на AFP на говорот на Габриеле.

Документите коишто Габриеле ги проследил до Нуци, даваат увид во лажни фактури, интриги во кои се вмешани и соработници на папата Бенедикт Шеснаесетти, но и позитивната улога на дипломатијата на Ватикан.

Од книгата на Нуци „Неговата светост: тајните документи на Бенедикт XVI” се зборува за корупцијата, и тоа, Претседателот на владата на светата столица, монсињор Карло Мариа Вигано во писмото на Папата потврдува дека се обидуваат да го тргнат од должноста бидејќи тој настојува да ја искорени корупцијата од договорите за јавните работи што треба да ги склучува Ватикан.Вигано, кој набрзо беше именуван за нунциј во Вашингтон, тврди дека со својата работа заштедил милиони евра, на пример со укинувањето на 550 илјади евра за поставување на Божикните јасли на плоштадот на Свети Петар во Рим. Во истото писмо, монсињор Вигано обвинува функционер на Ватиканските музеи за проневера и тврди дека раководството на Ватиканската банка работи за сопствените интереси.

Кога се станува збор за донациите, документите откриваат донации во износ од десетици милиони евра коишто секоја година му пристигнуваат на Папата за добротворни цели, а некои донации се даваат и во надеж дека ќе се здоби благонаклоноста на Ватикан. Така, телевизиска ѕвезда испратила чек на 10 илјади евра со порака во којашто бара приватна аудиенцијата кај Папата. Друг деловен човек му испратил на Папата гигантски бел тартуф (редок и многу скап вид подземна печурка., инаку и порано и сега еден од најценетите подароци меѓу кралските палати и елитата -з.р) кој чинел 100 илјади евра со што му задал главоболки на Ватикан. На крајот тартуфот завршил во оброците што за сиромашните ги организира хуманитарно здружение.

Во економијата на Ватикан, некои писма загриженост на некои прелати (архиереи -з.р.) во Ватикан поради светската финансиска криза. Стравуваат од зголемување на даноците, како и од големите оштети што католичката црква би морала да ги исплати поради педофилските скандали, на пример во САД, Ирска, Германија…

Што се однесува до интригите во Светата столица, голем број писма откриваат перфидни подметнувања меѓу поедини видни личности или високите архиереи, којшто, пак го критикуваат државниот секретар Таркисио Бертони, инаку десната рака на папата Бенедикт Шеснаесетти, поради недостигот од дипломатско искуство.

Дипломатијата на Ватикан, пак, е опфатена во документите коишто покажуваат дека Светата столица водела преговори со борците на баскиската сепаратистичка и терористичка во Шпанија организација ЕТА пред таа во октомври 2011 година да прогласи едностран прекин на огнот. Ватикан, исто така, учествувал заедно со владата на Етиопија во преговорите за ослободување на двајцата шведски новинари минатата година.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: