Пандели Мајко: Кои се имињата на оние кои изнесоа 1,3 милијарди долари од Албанија

Албанската опозиција побара од државата да биде транспарентна и ги соопшти имињата на оние кои од Албанија изнеле 1,3 милијарди долари во последните пет години.

 

Поранешниот премиер, Пандели Мајко кој сега е висок функционер во опозициска партија изјави дека Албанија е должна да ги информира своите граѓани и партии за кои луѓе станува збор бидејќи станува збор за огромни средства кои од земјата се изнесени на нелегален начин.

Global  Financial  Intigrity   ( GFI) во својот извештај пишува дека од Албанија во последните пет години се изнесени 1,3 милијарди долари.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: