Мистериозното момче на Кејти Холмс

Loading...

Кејти Холмс беше на вечера во Њујорк во петокот со машка придружба, оставајќи ги „Us Weekly“ и други медиуми да погодуваат за новиот мистериозен човек во нејзиниот живот, особено откако двајцата се бакнаа во образ на крајот на вечерата.

 

Но, нема ништо посебно интересно да се изјави. Т.н. „мистериозен човек“ всушност е адвокатот на Холмс, Џонатан Волф, чија жена исто така беше на вечерата заедно со нив. Но, овој последен факт недостигаше во многу изјави за вечерното излегување на Холмс. Холмс заедно со парот вечераа во хотелот Номад пред да се разделат покасно вечерта.

 

Сите медиуми како и фановите на Холмс кои се надеваат на нови приказни за нејзиниот љубовен живот по разводот со Том Круз, ќе мора да почекаат малку подолго.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...