Чудни и интересни божиќни традиции од целиот свет

Loading...

 

На 25 декември, милиони луѓе од целиот свет го слават раѓањето на Исус – иако никој всушност не знае на кој ден е точно роден Исус. Но, знаеме дека на 25 декември е роден Исак Њутн, Хамфри Богарт и Џими Бафе. Божиќ исто го обележува и денот кога Џорџ Вашингтон ја преминал Делавер и кога бродот на Кристофер Колумбо, Марија, потона во близина на брегот на она што сега е Доминиканската република.

 

Комичарот В.Ц. Филдс, кој рекол дека го мрази Божиќ, починал на Божиќ. На овој ден почина и Чарли Чаплин. И секоја година Дедо Мраз прескокнува милион будистички, хинду, муслимански и еврејски домови. Сепак, никој не поднесува дискриминациона тужба против него.

 

Има доста чудни, откачени и несекојдневни божиќни традиции низ целиот свет. На пример, во Австралија, децата наместо млеко, надвор оставаат пиво за Дедо Мраз. Чикаго Трибјун има годишен натпревар „Исплашени од Дедо Мраз“, за најдобра фотографија на дете како вреска во скутот на Дедо Мраз.

 

Еве уште неколку интересни божиќни традиции:

 

1. На Божиќ, јужно-африканците слават со тоа што јадат гасеници пржени во масло.

 

2. На Божиќ,  Дедо Мраз вози санка која ја влечат осум ирваси над северна Америка, но во текот на ноќта тој често го менува својот начин на транспортирање. Тој јава кенгур во Австралија, весла кану на Хаваи, јава коњ во Холандија, патува со магаре во швајцарија и паѓа од небото на златна ортома во Чешка.

 

3. Клубот за пушки во Аризона – Скотсдејл е домаќин на годишниот настан „Дедо Мраз и автоматските пушки“, давајќи им ја можноста на семејствата да можат да се сликаат со Дедо Мраз и АК-47, гранати и автоматски пушки – врвната порака за „Мир на земјата“.

 

4. Во 1902, претседателот Теодор Рузвелт како страствен противник на уништувањето на шумите, го забрани ставањето дрво во Белата куќа. Неговиот син Арчи кришкум внесе свое божиќно дрво во Белата куќа, сместувајќи го во својот голем плакар. Денес, американците го слават Божиќ со пресекување на 27 милиони зимзелени дрва.

 

5. На Божиќ, улиците на Каракас, Венецуела се блокирани за луѓето да можат со ролерки да стигнат до црква.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...