Меган Едвардс е 22 годишната британка која го зароби срцето на најбрзиот човек на светот, летово, за време на Олимписките игри во Лондон.
Но младата англичанка решила да ја заврши врската со Усеин Болт откако се врати од Јамајка каде ги запозна и неговите родители. Таа заклучила дека оддалеченсота од 7.000 километри е преголема за нивната врска на далечина. Наводно, познатиот атлетичар ја молел да се предомисли и да најдат заедничко решение, но Меган веќе била сигурна во својата одлука.
Таа изјави дека обврските што ги има секојдневно ја спречуваат да може често да патува на релација Лондон – Кингстон.
Можеби нивната врска ќе потраеше подолго ако и таа беше славна личност…
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: