Сите можеме да се сетиме на барем 30 примери на ужасни пластични операции, но има и толку добри што едвај би ги приметиле, кои дури и им помогнале во кариерата на оние што подлегнале под истите. Така што, пластичната операција може да ви биде и пријател.
Еве неколку страшно добри силикони кои навистина го подобрија изгледот и кариерите на овие неколку жени:
1. Памела Андерсон – многу жени не ја сакаат бидејќи е целата пластична, но да не заборавиме дека омразата не е ништо различно од љубомората. На крајот на краиштата, би ве изнервирало доколку сретнете маж кој барем ја препознава нејзината сексапилност. Можеби не вашиот маж, но сигурно некаде нечиј маж ја обожава. Ипак, таа е најпознатата плејбој зајачица во историјата поради некоја причина. Тоа беа добро потрошени пари за овие импланти.
2. Кендра Вилкинсон – дали сте го виделе нејзиното секс видео? Да, она има тесна, мала фигура, но градите ја ставија во категоријата на жешките. Тие ја направија целата разлика во нејзината кариера. Зарем мислите дека Хју Хефнер ќе ја забележеше ако таа сеуште останеше тотално рамна?
3. Викторија Бекам – без разлика дали ја сакате или не, неа дефинитивно и требаа импланти. Без нив, ветерот може да ја одвее. Толку е слаба што нејзините гради и помагаат да стои цврсто на земја и и даваат малку тркалезност на нејзината аголна фигура. Сега изгледа навистина секси поради нив.
4. Деми Мур – доколку се прашувате за квалитетот на нејзините силикони, погледнете ја во филмовите „About last night“, а потоа „Striptease“. Имате сега прашања? Во првиот таа е убава девојка, но нејзините гради се прилично мали. Додека во вториот, таа веќе презентира огромни импланти и цврсто тело, кои ја прават да изгледа многу посекси и ја насочија нејзината кариера во правилна стратосфера.
5. Кортни Лав – таа беше хаос пред да стави импланти и да го помине целиот процес на чистење. Сега таа изгледа (скоро) отмено. Можете да кажете што сакате, но нејзините силикони се суптилни и не се преголеми и безвкусни. Тие се доволно големи колку да и помогнат во свјот изглед.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: